Ох, не! Можно е да останеме без сладолед од ванила

Ванилата станува се поскапа и поскапа. Веќе чини повеќе дури и од среброто.

Килограм ванила се проценува на 600 долари.Проблемот е што поголемата количина на ванилата ( повеќе од 75 проценти), расте само на тропскиот остров Мадагаскар на југоисточниот брег на Африка. „Главната причина за високата цена е циклонот кој го погоди Мадагаскар и уништи многу плантажи. Цените се многу високи, а побарувачката е голема“- изјавил Џулијан Гејл, аналитичар за пазарот на суровини.

Би требало да знаете дека ванилата се одгледува многу тешко. Плод е на еден посебен вид на орхидеја која се наоѓа многу ретко. Тоа ја прави најскап зачин на светот, веднаш после шафранот. Резултатот на сето ова е недостаток на сладолед од ванила. Затоа некои произведувачи мораа да го стопираат производството.

Освен во сладоледот, ванилата е популарна и во разни десерти, алкохолни пијалоци, како и во козметиката и парфемите. Постои и синтетички добиена арома која се нарекува ванилин и се добива од дрво, а понекогаш и од нафта. Се очекува дека ванилинот ќе биде користен во многу индустрии кои ќе пробаат да ги намалат трошоците.

Leave a comment

error: Content is protected !!