Огромен метеорит паднал на сред Русија: Реката е затрупана, можна е вонредна состојба! Сцена како од апокалиптички филмови

Пред неколку дена во Хабаровск во Русија паднал голем метеорит, кој се закачил на врвот на вулкан и се урнал во коритото на реката. Властите не ја исклучуваат можноста за воведување на вонредна состојба, соопштил раководителот на Верхнјебурејинскиот реон, Алексеј Маслов.

“Судејќи по се, метеоритот беше огромен, ако можеше да го прикрие коритото на реката со слој висок 40 метри. На самото место се пратени две групи: една од Верхнјебурејинскиот реон, а друга од Амурската област. Тие имаат сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијацијата. Во Бурејската хидроелектрана неколку дена се бележи намален доток на вода во вештачкото езеро, а експертите не можеле да ја утврдат причината за тоа. Се надевам дека групите наскоро ќе дојдат на лице место и ќе добиеме детални податоци”, изјавил Маслов.

Според достапните податоци, коритото на реката Буреја е затрупано на место оддалечено околу 70 километри од најблиската населба Чекунда. За тоа е известен и министерот за вонредни состојби на Русија.

Маслов истакнал дека, во случај метеорит да ја пренасочува водата од реката, поради што би можело да дојде до поплави, ќе биде прогласена вонредна состојба.

Во проценката на ситуацијата се вклучени и сателити од вселената.

На интернет исто така биле објавени снимки од локацијата на падот на метеоритот. Според зборовите на авторот на снимката, небесното тело формирало џиновска брана која би можела да го блокира протокот на водата во реката.

Leave a comment

error: Content is protected !!