Ограбил црква, па оставил порака да се молат за него: Камерите го снимиле крадецот, а потегот на верниците ги изненадил сите

Еден маж кој провалил во црква во Вотербери во американски Конетикат и украл 4.000 долари вредна електронска опрема, оставил порака со извинување и молба да се молат за него.

Полицијата поседува снимка од маж кој по полноќ провалил во африканска методистичка епископална ционистичка црква Маслинова гора, и од таму ги земал камерите, мониторите и микрофоните кои верниците ги користеле во текот на миса.

Од црквата на новинарите им рекле дека крадецот, чувствувајќи грижа на совеста, оставил порака за извинување.

“Молете се за мене. Се извинувам, браќа мои…спасете ме”, напишал тој и додал тажен емотикон.

Некои од верниците го послушале крадецот и на наредната служба се молеле за него.

Полицијата трага по осомничениот.

Leave a comment

error: Content is protected !!