Официјално: Кристијано Роналдо е нов фудбалер на Јувентус

Најголемиот трансфер на овој трансфер период е официјализиран – најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо, премина од Реал Мадрид во Јувентус.

Мадридскиот клуб се согласи да продаде Португалецот за 105 милиони евра, а платата на Роналдо во “Старата дама” ќе изнесува 30 милиони евра, односно 9 повеќе отколку во редовите на “Кралевите”.

Роналдо ја започна својата кариера во Спортинг, а од 2003 до 2009 година беше играч на Манчестер Јунајтед, по што премина во Реал Мадрид.

Во клупската кариера има постигнато 573 погодоци во 763 натпревари, а за репрезентацијата на Португалија има 154 настапи со 85 погодоци.

Тимот на Реал Мадрид го напушти како најдобар стрелец во историјата, со постигнати неверојатни 450 погодоци на 438 натпревари.

Кристијано Роналдо пет пати е награден со “Златна топка” која е резервирана за најдобриот играч на светот, а со своите клубови освои дури 24 трофеи од кои секако најзначајни се петте трофеи на “Лигата на шампиони”, еден со Манчестер Јунајтед и четири со Реал Мадрид.

Тој исто така го освои Европското првенство со Португалија во 2016 година.

Leave a comment

error: Content is protected !!