Рита Ора се разголела по успешниот концерт.
Пејачката Рита Ора, која многумина ја сметаат за најсекси Албанка, објавила фотографија во топлес, а со своето секси издание го запалила Инстаграм и ја запалила имагинацијата на своите фанови, првенствено на кај машките.
Пејачката моментално е на турнеја во Европа, а со топлес фотографиите сакала да покаже како изгледа нејзината забава по успешниот концерт.
Рита позирала во хеланки, со шминката и накитот од концертот, без горниот дел од облеката, а во рацете држела смоки.
Рита своите фанови ги израдувала со низа топлес фотографии, а тие под фотографиите коментирале дека сакаат да бидат на местот чипсот, а ја молеле и пејачката да ги премести рацете малку на страна.