Одвај е постара од неговата ќерка: Ова е жената поради која политичарот ја оставил својата сопруга

Поранешниот министер за надворешни работи, Борис Џонсон, наводно е заљубен во 30-годишната докторка Кери Еплс Сајмондс.

Првите приказни за тоа започнале да се шират во март на прославата на нејзиниот 30. роденден, каде Џонсон танцувал до бесвест – веројатно за да ја воодушеви 24 години помладата блондинка.

Таа тогаш била шефица на протокотолот на британската Конзервативна партија.

Меѓутоа, тоа не било прв пат Џонсон и Еплс да се дружат. Заедно биле и на романтнична вечера еден месец претходно, на Денот на заљубените.

Еплс наводно е и причината поради која Борис по 25 години конечно се развел до својата сопруга Марина, со која ја има 25-годишната ќерка Лара, речиси врсничка на згодната Еплс.

Се зборува дека Марина повеќе не можела да ги издржи неговите афери и дека младата Еплс била капката која ја прелеала чашата.

“Кери има морал, таа би му кажала да ја направи правилната работа. Таа би сакала се да биде официјално, не да се крие со него и тој да го лаже семејството. Таа е многу морална”, рекол човек кој ја познава младата Еплс.

Leave a comment

error: Content is protected !!