Однесувањето на хрватската претседателка го засени финалето, Хрватска поделена: Неодолива или нападна?

Франција е новиот светски шампион и тоа откако во завршната битка за пехарот ја победи репрезентацијата на Хрватска со 4-2. Сепак, една од поинтересните теми за медиумите е однесувањето на Колинда Грабар Китаровиќ.

Поразот бил голем шок за хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ, која од почетокот на Мундијалот во Русија, постојано е во центарот на внимание.

Овој пат, иако нејзината репрезентација изгуби, сепак таа повторно успеа да го украде вниманието на јавноста со постојаното играње и скокање во ВИП ложата.

Дури и кога се доделуваа наградите, таа со прегрнувањето и бакнувањето на сите фудбалери, судии и службени лица успеа повторно да го украде моментот на славје и на Французите, со што социјалните мрежи прегореа од реакции.

Leave a comment

error: Content is protected !!