Одмаздата на “Панишер” во директен ТВ пренос: Уништени 5,4 милиони вредни луксузни автомобили на дилери, а тој лично гледал

Претседателот на Филипините, Родриго Дутерте, се пресметал со дилерите на дрога така што организирал багери јавно и во директен ТВ пренос да изгазат 68 луксузни автомобили и 8 мотори одземени од дилери на дрога.

Дутерте го организирал јавното уништување на овој луксузен возен парк, вреден 5,4 милиони долари, и лично присуствувал на настанот.

Првото уништување на возила Дутерте го организирал на 14. март, а откако ваквата јавна казна очигледно наишла на одобрување од јавноста, сега ја повторил.

Меѓу уништените автомобили има “Lamborghini Galardo”, “Porche Carrera” и “Mercedes Benz”.

Leave a comment

error: Content is protected !!