Одел по улица, извадил пиштол и почнал да пука: Крвав напад во Торонто, не се исклучува тероризам како мотив

Мажот, кој, додека одел по улиците на Торонто, од пиштол пукал по посетителите на рестораните и кафулињата, убил едно лице, а ранил 14, за подоцна да биде убиен во размена на оган со полицијата.

Како што пренесува “AP”, шефот на локалната полиција Марк Сандерс изјавил дека тоа пукање, кое се случило во грчката населба на најголемиот канадски град не било наизменично и дека не е исклучена можноста да станува збор за тероризам.

“Покрај напаѓачот, убиена е и една девојка”, рекол тој и додал дека едно 9-годишно девојче е во критична состојба.

На снимката од очевидец се гледа маж облечен во црно, со црн шешир, како брзо оди по плочник и пука три пати во еден локал.

Портпаролот на полицијата, Марк Пугаш, изјавил дека состојбата во која се наоѓаат другите повредени не е позната.

Локалната политичарка Пола Флечер изјавила дека слушнала дека напаѓачот бил емоционално пореметена личност.

“Не е поврзано со криминал, изгледа станува збор за некој многу болен”, рекла таа за телевизијата “CP24”.

“AP” наведува дека масовните пукања се реткост во Торонто.

Полицијата неодамна распоредила десетина дополнителни полицајци поради неодамнешниот раст на вооруженото насилство во градот.

Градоначалникот Џон Тори изјавил дека Торонто има проблем со оружјето, кое станало многу достапно на многу луѓе.

Пред неколку месеци, во Торонто возач на комбе влетал во пешачка зона и убил 10, а ранил 14 лица. Властите го уапсиле возачот, но мотивот за нападот уште не е познат.

Leave a comment

error: Content is protected !!