Од “Шкода Октавија” во движење фатил стрела во лет за Гинисов рекорд

Чешка Шкода му помогнала на тренерот во боречки вештини, Маркус Хас, да оствари неверојатен Гинисов светски рекорд.

Имено, Хас успеал да фати стрела во лет која ја отстрелала австриската олимпијка Лоренс Балдаф, користејќи ги само сопствените раце.

Во тоа посебно му помогнала “Škoda Octavia RS 245”, што секако не е случајност, со оглед дека чешката гордост има лого токму во облик на стела со крила од 1926. година.

Имено, стрелата постигнува брзина од 60 метри во секунда, односно околу 215 km/h, а до метата минува само 70 метри.

Делува нереално дека е можно човек со сопствените раце да фати ваква стрела додека виси од прозор на автомобил, а на располагање има само 30 метри, односно само половина секунда да го зграби “нејзиното тело”.

Leave a comment

error: Content is protected !!