Од порно филмови во политика: Елена Беркова ќе се кандидира за гувернер

Руската порно актерка соопштила дека ќе поднесе кандидатура за гувернер на нејзината родна Мурманска област на северот на Русија.

Елена Беркова кампањата веќе ја започна со прашање кое им го постави на нејзините следбеници на Инстаграм за кои се надева дека ќе бидат нејзини гласачи на изборите.

„Со кои проблеми се соочувате во вашиот град? Како стојат работите во болниците, училиштата, становите? Сакам да дознаам што е можно повеќе за секојдневниот живот во Мурманск. Јас сум со тебе“, порача Елена Беркова.

Во интервјуто за локално радио, Беркова вети дека наскоро ќе ја објави својата политичка програма и ставот за проблемите во регионот откако ќе ја финализира нејзината одлука за кандидрање на изборите.

Иако оваа кандидатура изненади многумина, Беркова веќе ја најавуваше својата политичка кариера уште од 2009-та година кога порача дека ќе се кандидира на југот на Русија, поточно во Сочи. Тогаш, таа сними и видео спот за кампањата, но никогаш не беше официјално регистрирана како кандидат.

Пред две години, најави дека ќе влезе во трката за претседател на Русија. Тогаш вети дека во сите училишта ќе бидат воведени предмети и испити околу сексот, а за сексуално вознемирување ќе воведе смртна казна. Сепак, поради тоа што Беркова тогаш имаше 32 години, а законот предвидува секој претседателски кандидат да не може да биде помлад од 35 години, остана и без таа кандидатура.

Овој пат се надева дека ова ќе биде за неа трета среќа.

Leave a comment

error: Content is protected !!