Од небото паѓале шкампи и морски ѕвезди: Бизарна “олуја” ги вовлекувала животните од океанот и ги фрлала на улиците

Некои корисници на Твитер оваа природна непогода ја нарекле “дожд од морски плодови”.

Морски ѕвезди, октоподи и град со големина на тениски топчиња паѓале во текот на бизарната олуја која го погодила кинескиот град Чингдао.

Корисниците на социјалните мрежи поставиле фотографии со шкампи и морски ѕвезди на шофершајбните од автомобилите.

На фотографиите се гледа и град со големина на тениски топчиња, кој нанел голема штета на зградите и автомобилите.

Олујата донела и хумористични фотографии, како една со октопод, за која подоцна се воспоставило дека е лажна.

“Independent” наведува дека до “дождот” од морски плодови би можело да дојде така што олујата ги вовлекла од океанот и потоа ги фрлала на улица, а има и теорија дека олујата ги разнела од пазарите покрај патиштата.

Leave a comment

error: Content is protected !!