Од книгата на Омароса, поранешната советничка на Трамп: Меланија одвај чека да се разведе

Нема да бидам замолчена. Нема да ме исплашат. Нема да ме злоставува Доналд Трамп, вели Омароса.

Поранешната советничка на Белата куќа, Омароса Њуман, неодамна издала контроверзна книга за времето минато на тоа работно место, по што изјавила дека нема да биде замолчена.

“Нема да бидам замолчена. Нема да ме исплашат. Нема да ме злоставува Доналд Трамп”, рекла Омароса.

Омароса Маниголт Њуман, која се прославила благодарение на учеството во реалното шоу “The Aprentice” на Доналд Трамп, во тајност снимала разговори со претседателот, за кого, почнувајќи од јануари 2017. година, повеќе од една година работела во Белата куќа како директор за комуникации при канцеларијата за јавни и меѓународни работи.

Информациите до кои тогаш дошла ги искористила во книгата со наслов “Unhinged”.

Во својата книга меѓу другото тврди и дека Меланија одвај чека нејзиниот сопруг да заврши со мандатот, за да може да се разведе од него.

Таа го опишува американскиот претседател како човек полн со предрасуди, и го нарекува сексист и расист.

Минголт Њуман наведува и дека односите меѓу Доналд и неговата ќерка Иванка се посебно Блиски.

“Откако го познавам Трамп, го набљудував како ја прегрнува и допира својата ќерка, како ја бакнува и нејзиниот начин на кој го нарекува “тато”. По мое мислење и на основа на набљудување, нивниот однос оди до границите на пристоен однос на ќерка и татко”, пишува Омароса.

Кога “Guardian” побарал коментар од Белата куќа за оваа книга, одговорила портпаролката Сара Сандерс.

“Ова книга е преполна со лаги и лажни обвиненија. Жално е што некоја поранешна работничка во Белата куќа се обидува да заработи на лажни обвиненија”, навела таа.

Leave a comment

error: Content is protected !!