Како што е Велигден за Џокси, Оскари за Миланка, така за Каролина Петковска е Евровизија.
Секоја година во мај, нашата Каролина од МТВ е онаа која ги коментира трите евровизиски денови- прво и второ полуфинале и на крај јаготката на шлагот- финалето. Жената возбудено ни пренесува се што се случува од местото на настанот, но секогаш некако најмногу е лута кога пее Грција, па редовно наместо по име, оваа држава ја нарекува- нашиот јужен сосед.
Фановите веќе почнаа и да се обложуваат колку пати во текот на една вечер, Петковска ќе го изговори тоа фамозно- нашиот јужен сосед.
Мислењата за новинарката и водителката се поделени- некои ја обожуваат, некои не можат да ја поднесат па менуваат програма, но во едно сите сме сложни: Секогаш не расположува со нејзината реплика која едвај ја чекаме секоја година 🙂