Се поголем број на мигранти од Централна Америка се доближува до границата меѓу САД и Мексико, а моментално ги има околу 5.000, јавува “AP”.
Агенцијата наведува дека бројот на мигранти на границата се зголемил преку но, а дека не вродиле со плод ни напорите на мексиканската влада да ги сопре на границата.
Бегалците во главно се од Хондурас, но и од Ел Салвадор и Гватемала. Нивната крајна цел не е Мексико, туку САД.
Моментално се движат кон градот Тапачула во Мексико во колона долга околу 1,5 километри.
Најголем метеж има на мостот преку реката Сучиате, која ги дели двете земји и кој моментално е блокиран.
Поради тоа мигрантите скокаат од мостот во вода, обидувајќи се да ја препливаат реката.
Неколку стотици мигранти пријавиле статус на бегалци во Мексико, а се верува дека во државата пристигнуваат уште околу 1.500 мигранти.
Претходно, Трамп се заканил со употреба на воена сила како и намалување на помошта за жителите на Хондурас.