“Облечи се или напушти го авионот”: Дали оваа девојка е провокативно облечена?

Авио-компанијата “Thomas Cook Airlines” побарла извинување од 20-годишната Емили О’Конор, која била замолена од кабинскиот персонал да го напушти авионот поради облеката што ја носела.

Емили патувала од Бирмингем во Тенерифе на 2-ри март, кога, како што наведува, кабинскиот персонал рекол дека е облечена проблематично. Носела длабоки панталони и топ маица.

“Ми рекоа дека ќе ме оддалечат од летот ако не се покријам, бидејќи мојата појава е провокативна и непристојна”, напишала на Твитер. “Околу мене имаше четири члена на кабинскиот персонал кои кои го одземаа багажот и тргна да изнесуваат од авионот”.

Емили се завртела и ги прашала патниците дали имаат проблем со нејзиното облекување и како се чувствуваат? Тогаш персоналот и рекол дека мора да облече некое сако, ако сака да влезе во авионот, па го направила тоа.

Авио-компанијата подоцна побарала извинување од Емили.

“Факт е дека ова можело да се изведе на малку поубав начин. Како и сите останати авио-компании, имаме кодекси на облекување. Се однесува и на мажи и на жени на сите возрасти и без исклучоци. Нашиот екипаж има најтешка работа, а тоа е да ја спроведе нашата политика на дело, а некои тоа не го знаат баш најдобро”, рекле од авио-компанијата.

Leave a comment

error: Content is protected !!