Објавиле разголени фотографии од босанската професорка, па таа се огласила

Откако провокативните фотографии се појавиле во јавноста, бил избришан и нејзиниот профил на Инстаграм.

Професорката Берина Фатиќ од босанскиот град Вареш, за која во вторникот зборувал целиот регион откако наводно нејзините разголени фотографии од училницата дошле до јавноста, се огласила по скандалот.

“Еве, бевме во весници – јас многу, вие подмукло, скриено со лаги и малку – моите “храбри” противници кои, како вистински луѓе од чест и морал, анонимно подметнуваат невистини во весниците кои за етики или проверка на извор изгледа и воопшто не слушнале! Ако имате потреба за уште судири ви го предложувам следното – обратете ми се во лице, глувци. Или обратете се во адвокатската канцеларија на господинот Нермин Вила, со кој секако ќе се сретнете на суд – а тогаш…ќе биде доцна за извини! А граѓаните мене во главно ме познаваат и вчера ми се јави речиси целиот град! Само да знаете – не се луѓето згрозени од моето однесување, туку од вашите постапки”, рекла Берина за Crna-Hronika.

Јавноста во Вареш но и пошироко ги видела провокативните фотографии кои на социјалните мрежи подолго време ги објавува Берина Фатиќ, инаку просветна работничка и професорка по босански јазик во Мешаното средно училиште “Нордбат 2”, пренесува “Avaz”.

Откако веста за неа се проширила во сите медиуми во регионот, Берина го избришала својот профил на Инстаграм.

Како што изјавиле мештаните за порталот, и покрај фактот дека Берина е омажена и има малолетно дете, но и работи на одговорна функција, тоа не ја спречува да се фотографира без облека или во провокативни комбинации, пренесува “Avaz”.

“Наводно своите голи фотографии ги праќала на некое младо момче, кое подоцна ги проследувало на Фејсбук, Вибер, Инстаграм и други социјални мрежи. Така дошле и до јавноста и тоа е вистински срам”, тврдат мештаните.

Таа провокативните фотографии ги направила во училиште и го користела школскиот инвентар за потребите на сликањето.

Така нејзините профили на Фејсбук и Инстаграм бил препловен со бројни фотографии и училници, пред табла, каде дури носела и селфи стап.

За потребите на добрата фотографија, Фатиќ не се мислела многу да се качи на маса, каде истовремено се наоѓале и дневници.

Leave a comment

error: Content is protected !!