Објавена снимка од сообраќајната несреќа на актерот Џорџ Клуни

Американскиот актер Џорџ Клуни во вторникот доживеал сообраќајна несреќа на Сардинија во Италија, по што завршил во болницата “John Paul II”.

Италијанскиот портал “Corriere Della Sera” го објавил видеото од несреќата која била снимена безбедносната камера во близина.

На снимката се гледа шокантниот момент кога актерот кој возел мотоцикл, директно се судрил со автомобил, а медиумите тврдат дека очигледно Клуни возел со голема брзина. Од јачината на сударот, Џорџ паднал на асфалтот и пробал да се помрдне, а набрзо му пришол возачот на автомобилот кој учествувал во несреќата.

“Господинот Клуни има модринки по рацете и нозете и повреда на коленото”, изјавиле од италијанската болница. Портпаролот на актерот изјавил за списанието “People” дека лекарите го прегледале Клуни и го пуштиле на домашно лекување.

 

“Тој закрепнува во друштво на семејството и се чувствува добро”, додал тој.

Порталот “La Nuova” објавил фотографија на која се гледа дека е скршено ветробранското стакло на автомобилот, за кое се претпоставува дека актерот удрил директно во него.

Џорџ, неговата сопруга – адвокатката Амал и едногодишните близнаци Александар и Ела, моментално живеат на Сардинија каде актерот го завршува снимањето на “Catch-22”. Со него моментално се и неговите родители, Нина Брус Ворен и Ник Клуни.

Leave a comment

error: Content is protected !!