Ново смртоносно оружје: Руската војска добива СУПЕРСНАЈПЕР (видео)

Единиците на Росгвардија до крајот на годината ќе бидат појаки за гарнитура на нови снајперски пушки со голем домет и екстремна прецизност- „Точност“.

Во план е и развој на специјален тип на извидничко- инжињерска машина- „Сурдинка“ која нема адекватен аналог во светот. Нејзината развојна фаза е ограничена за крајот на 2019 година, после што ќе се започне со нејзино сериско производство и испорака.

Сите елементи кои се врзани за снајперската пушка „Точност“ ( самата пушка, муниција, систем за нишанење), се усвоени во наоружувањето на ФСО Русија и Росгвардија.

Пушката е развиена на база на системот ОРСИС Т-5000. Во однос на базичната верзија на пушката, руските конструктори направиле 210 технички подобрувања на самото оружје, од кои некои се потполно иновативни, така да со голема можност може да се каже дека овој систем нема конкуренција во светот.

Оружјето ќе може да дејствува со 2 типа на муниција, со класично и панцирно зрно, и тоа во 2 калибри- 308 Винчестер и 332 Лапуа Магнум. Ефектниот домет на оваа пушка се проценува на 2км+

Leave a comment

error: Content is protected !!