Новинарите на BBC одвај извлекле жива глава додека истражувале убиства на деца: Мислеле дека се вампири, па ги бркале со мачети

Репортери на “BBC” кои во Малави во Африка истражувале бројни убиства на деца, одвај преживеале кога нивниот таен состанок со врач го прекинала маса на бесни мештани кои ги обвиниле дека се вампири.

Тимот кој го прави документарецот за редакцијата на “BBC Africa” и кој работи извесен Анас, човекот чиј вистински идентитет никој не го знае, ги истражувал убиствата на децата кои, барем како што велат гласините, им се припишуваат на тамошните врачови.

Во Малави се откриваат се повеќе осакатени тела кои немаат глави и одредени екстремитети. Врачовите се осомничени за овие злосторства бидејќи, наводно, ги продаваат деловите од телата како талисмани за богатите луѓе.

Анас се претставил како богат клиент кој сака да го зголеми своето богатство. Го пронашол Каманга, врач кој ги признал убиствата, и кој им рекол на новинарите дека најкорисните делови на телата се главата и гениталиите. Каманга не знаел дека го снимаат.

Камага им рекол дека може да им помогнат да бидат посреќни така што ќе убијат дете и ќе ја пијат неговата крв. Во текот на уште една средба, во страшната исповед опишувал како се крши череп и се отстранува мозок или јазик. Но, во тој момент, му пришла група селани, вооружени со мачети, камења и ножеви.

Ја обвиниле екипата од “BBC” дека се вампири и убијци. Репортерите тогаш морале да ги покажат новинарските легитимации, но тоа не ги смирило, па еден од нив го нападнал Анас со нож, но му само му ја скинал торбата. Новинарите тогаш побегнале, а селаните ги прогонувале, гаѓајќи ги со камења, поради што се здобиле со полесни повреди.

“Навистина сакаа да не убијат”, рекол Анас. Новинарите успеале да побегнат, а подоцна ги спасил локалниот поглавар.

Поради инцидентот, BBC морал да ја сопре истрагата за убиствата на децата.

Leave a comment

error: Content is protected !!