Новинар на тајна задача разоткрил како Полјаците колат болни крави и го продаваат месото: Ми рекоа да не прашувам ништо…

Шокантните снимки од кланицата во Полска во која во тајност снимал истражувачкиот новинар Патрик Шчепаниак, го потресле пазарот со месо ширум Европа.

Настанале додека бил на тајна задача како работник во кланицата, а прикажуваат како болни крави се влечат на колење.

Патрик вели дека сакал да истражи и да ги заштити правата на животните, па одлучил да побара работа во малото место во регионот Мазовијан на истокот на земјата.

Открил дека првата ноќ веќе преброил 23 болни крави, а само две биле способни да одат сами.

“Како новајлија, прашав зошто се болни, зошто не стојат. Што се случува? Тие му одговорија само да не прашувам. Се се случуваше навечер, бидејќи властите на тој начин не можеле да ги контролираат”, објаснил тој.

Може да се видат работници кои отстрануваат докази за болестите како тумор и гнојни воспаленија и им ставаат печати дека месото е прегледано и добро. Се обидел да истражи што мислат работниците за тоа, и прераскажал разговор со еден од нив.

“Кога го прашав дали ќе има некакви проблеми бидејќи тие крави не се добро и нешто не е во ред со нив, тој ми кажа: “Како што ти реков претходно, немој да поставуваш прашања. Подобро ќе спиеш ако не поставуваш прашања””, рекол Шчепаниак.

Зборува како работниците навечер ги колеле болните крави, а потоа истото место го распарчувале и наутро го пакувале. Тогаш во кланицата имало ветеринар кој, според наводите на Патрик, не ја вршел својата работа.

“Ја работевме работата на ветеринарот. Тој требаше да стави печат, да ги прегледа, но никогаш не беше таму. Тој не го правеше тоа. Само доаѓаше наутро и ги потпишуваше документите. И се е во ред”, вели Патрик.

По неговите откритија, кланицата била затворена. Тамошната полиција спроведува истрага, месото се повлекува од полските маркети, а наложено е и сите останати да се проверат.

Leave a comment

error: Content is protected !!