Новинар го прашал Путин зoшто се слика без маици: Не очекувал ваков одговор

Претседателот на Русија го објаснил своето појавување на фотографиите со голо торзо, нагласувајќи дека за време на одморот не смета дека треба да се крие позади грмушки.

За време на интервјуто за австриската телевизија ORF, новинарот му поставил прашање од каде се појавуваат “полуголи” фотографии од рускиот претседател, кои не ги објавуваат туристи или папараци, туку се објавуваат, на пример, на интернет страната на Кремљ.

“Рековте ‘полуголи’. Фала Богу, не ‘голи’. Доколку сум на одмор, не сметам дека треба да се кријам позади грмушки и не гледам ништо лошо во тоа”, изјавил претседателот на Русија.

Leave a comment

error: Content is protected !!