Нови закани на џихадистите: Ќе им ги отсечеме главите на Роналдо и Меси во Русија

Терористите на ИСИС се заканиле дека ќе им ги отсечат главите на фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Лео Меси на Светското првенство во Русија во 2018. година.

Еден од поексплицитните постери прикажува двајца војници како клечат на грбот на фудбалерите на стадионот, откако им ги пресекле главите. На следниот постер се гледа раката на еден од фанатиците во која држи рачна бомба, исто така на стадионот, јасна порака дека и публиката ќе биде мета.

Ова не е прв пат ИСИС да се закани со напади на првенството или на самите фудбалери кои ќе учествуваат на него.

Во октомври 2017. година се појавиле заканувачки постери со ликот на Меси. На една од нив Аргентинецот е облечен во затвореничка униформа со крвава солза на окото. На плакатот пишува “Само тероризам” и порака “Се борите против држава која нема неуспех во својот речник”.

Истиот месец, се појавиле и постери на кои ИСИС се заканил со бомбашки напади на стадионите  во текот на одржувањето на натпреварите со порака на руски и англиски јазик на која пишува: “Ви се колнам, огнот на муџахедините ќе ве запали…само чекајте”.

Светското првенство во фудбал се игра од 14. јуни до 15. јули во 11 руски градови.

Leave a comment

error: Content is protected !!