Нов трејлер за “Lion King”, фановите нетрпеливо го чекаат филмот

Дизни објави нов трејлер за римејкот на еден од најомилените анимирани филмови на сите времиња, а обожавателите со цело срце го чекаат неговото пристигнување во кино салите ширум светот.

Новиот трејлер за “The Lion King” можеби не открива премногу детали, но сите се согласни дека тој изгледа спектакуларно, а од него може да се забележи дека филмот верно го следи анимираниот претходник.

Актерската постава ги вклучува Џејмс Ерл Џоунс кој се враќа како Муфаса, како и Доналд Гловер (Симба), Бијонсе (Нала), Џон Оливер (Зазу), Сет Роген (Пумба) и многу други.

Освен трејлерот, Дизни го објави и новиот филмски постер кој потсетува на оригиналот од деведесеттите години на минатиот век.

Филмот е во режија на Џон Фавро кој во слична техника го снимил и одлично прифатениот “The Jungle Book” кој заработи речиси милијарда долари ширум светот.

“The Lion King” пристигнува на 19-ти јули во кино салите.

Leave a comment

error: Content is protected !!