Нов скандал! “Фејсбук повторно измами илјадници луѓе, но овој пат го фативме”

Со својот нов трик Фејсбук ја камуфлирал согласноста на своите корисници и ги изманипулирал набрзина да ги прифатат условите за следење, прикажувајќи им лажни известувања, се наведува во новата тужба против социјалната мрежа.

Обвиненијата се поднесени од Европскиот центар за дигитални права во име на анонимни корисници на “Фејсбук”.

Тужбата против “Facebook Ireland LTD”, каде се наоѓа седиштето на компанијата во Европа, се наведува дека компанијата ги завела луѓето да ја прифатат новата политика и условите за приватност.

Доколку овие обвиненија се покажат како точни, тоа би можело да биде кршење на ново од воведените правила под закрила на “GDPR”, кои стапиле на сцена минатиот петок за да ги натераат компаниите да ги заштитат податоците на своите корисници од ЕУ.

Жалбата наведува дека “Facebook” го прекршил правото на заштита на податоци на повеќе начини. Најпрво барајќи да се согласат со целосната политика за приватност во новите услови во еден документ.

Во него е наведена и клаузула која на “Facebook” му дозволува да пружа целени огласи и на тој начин со овластување на компаниите да ги обработува личните податоци по потреба, за да ја исполни договорената “обврска”.

Исто така на корисниците не им ставиле јасно да знаење дека не  морале да се согласат со политиката и дека можат да го избришат својот профил. Се наведува дека “Facebook” јасно го истакнал само “Се согласувам” одговорот, додека останатите опции биле сокриени.

Конечно, жалбата наведува дека компанијата користела тактика да ги принуди корисниците да се усогласат со новите услови за блокирање на профилот ако не се согласат до 25. мај.

Тоа наводно било изведено со користење на трикови, како давање впечаток дека ги имаат пораките или нотификациите кои ги чекаат, пренесува “RT”.

Обвинителите наведуваат дека “Facebook” се служел и со други трикови, за да ги притисне корисниците на согласност, истакнувајќи две лажни црвени точки кои покажувале дека корисникот има нови пораки или известувања, до кои не може да пристапи без да ги прифати условите.

Сепак, многумина истакнуваат дека откритието дека социјалната мрежа ја усвоила таквата тактика за да врши притисок или да ја измами јавноста додека се наоѓа во меѓународен скандал, е шокантно и изненадно.

Leave a comment

error: Content is protected !!