Нов голем пад на Биткоинот! Паднал за 400 долари и еве колку вреди

Вредноста на Биткоинот е на својот минимум во последните 7 месеци, а во последните неколку часа паднала за 400 долари. Сега Биткоинот вреди помалку од 6.500 долари.

Падот доаѓа по хакерскиот напад над менувачницата на криптовалути “Коинрејл” од Јужна Кореја, што резултирало со масовна продажба.

Освен тоа падот бил предизвикан и од новото истражување на Универзитетот од Тексас, кое вели дека вредноста на оваа криптовалута била вештачки зголемена во 2017. година.

Најниската вредноста на биткоинот оваа година дошла откако највредната светска криптовалута кон крајот на минатата година достигнала вредност од дури 20.000 долари.

Големиот пад на вредноста на Биткоинот влијаел и на тоа и другите највредни криптовалути на пазарот во последните 24 часа да доживеат пад во вредноста меѓу седум и 13 проценти.

Најлошо минал Етереум, чија вредноста паднала под 500 долари, што е негова најниска вредност од април.

Сепак, се очекува вредноста на криптовалутите да се нормализира.

“Хакерските напади на менувачниците не се нова работа и цените на криптовалутите ќе го повратат своето ниво, како што беше и порано”, рекол Дејвид Сапер.

Во вторникот криптовалутите на кратко доживеале мало опоравување, но истражувањето објавено во средата од Универзитетот во Тексас предизвикало дополнителен пад.Тоа истражување вели дека вредноста на Биткоинот е зголемена поради манипулации на пазарот.

Leave a comment

error: Content is protected !!