Нокаут со голем славенички концерт и нов сингл- „Што бараш ти во моја песна“ (видео)

Со реално силен повод каков што е нов албум на групата, НОКАУТ и Авалон Продукција после 20 години се враќаат на местото каде што Нокаут го одржа првиот голем концерт во СРЦ кале, во организација токму на Авалон Продукција.

Како дата, на средбата помеѓу Нокаут и огромниот број на нивни фанови е избрана 27- ми октомври во СРЦ Кале. Сите детали околу влезниците за овој голем славенички концерт ќе бидат објавени на 21 мај, во 21 часот.

Заедно со информациите за концертот, Нокаут објавија и нов сингл насловен како „Што бараш ти во моја песна“. Музиката е на Никола Перевски- Пере, аранжанот на Дарко Димитров, а текстот е на Игор Џамбазов. Димитров се јавува и како продуцент, а песната е снимена во неговото студио „Димитрови“.  Инаку песната е своевиден дует на Нокаут и легендарниот Игор Џамбазов.

Во продолжение, уживајте во најновиот сингл насловен „Што бараш ти во моја песна“, кој е најава за новиот албум на НОКАУТ:

Leave a comment

error: Content is protected !!