НЛО над Охридско езеро фатено на камера? (видео)

На „Јутјуб“ е поставено видео снимано на Охридско езеро, а оние што го поставиле веруваат дека се работи за неидентификуван летечки објект.

Во објаснувањето стои дека објектите им личат на две огнени големи топки кои лебдат на небото над Охрид. Ова не е првпат некој да тврди дека видел НЛО над Охрид и Охридско езеро. Со години наназад, за овој наш древен град се врзуваат мистерии за наводни средби со вонземјани и НЛО.

Но, досега никој не докажал дека навистина непознати летечки објекти се спуштиле над градот или пак езерото. Така да, и оваа приказна останува само уште една во низата недораскажани приказни за мистериозните надлетувања на Охрид.

Погледнете и сами проценете дали навистина се работи за НЛО:

Leave a comment

error: Content is protected !!