НЛО експерт за снимката од тајната база на вонземјани на Марс: “НАСА мора да ја каже вистината!”

Претходните истражувања кои ги спровел тим од научници под водство на Брус Јакоски од Универзитетот Колорадо тврделе дека “тераформирање” на Марс не е возможно со користење на денешната технологија.

Тераформирањето е намерна модификација на атмосферата на планетата или температурата за да се создаде средина слична на Земјината и би била погодна за живот налик на овој на нашата планета.

Тајванскиот НЛО експерт, Скот Варинг, на својата страна објавил фотографија од површината на Марс, на која има нешто што го дефинирал како тајна вонземјанска база.

“Базата првобитно е пронајдена пред повеќе години, но уште е тука Фотографијата не е избришана. Ова е вид на доказ кој може да се користи на суд да се принуди НАСА да открие дека постојат вонземјани во нашиот соларен систем”, нагласил Варинг.

Во август 2012. година роверот на НАСА на соларен погон “Curiosity” се симнал на Марс и од тогаш ја истражува Црвената планета. Иако минал само 18 километри на површината, направил неверојатни откритија, вклучувајќи докази дека Црвената планета имала услови за живот во минатото.

Меѓутоа, неодамнешно истражување финансирано од НАСА, останува при ставот дека на Марс би можела да се создаде површина за опстанување на луѓето, со ослободување на јаглерод диоксид кој е заробен на неколку локации на планетата.

“Нашите резултати укажуваат на тоа дека нема доволно CO2 на Марс за да се обезбеди живот”, истакнал Јакоски.

Leave a comment

error: Content is protected !!