Никогаш не се откажувајте: И било здодевно во пензија, па дипломирала на 84 години, а еве што рекла за неа професорката

Американката Џенет Фејн дипломирала на 84 години на Универзитетот Тексас во Далас и го остварила својот сон, докажувајќи дека годините се само број.

Фејн рекла дека и било здодевно откако отишла во пензија и дека во еден момент одлучила да се врати на факултет и да дипломира социологија.

“Не уживав во играњето бинго, а сакав да читам и да пишувам трудови. На секој час сфаќав колку од тоа веќе знам, но попатно учев и нови работи”, рекла таа.

Ја искористила посебната програма на државата Тексас, која на лицата постари од 65 години им овозможува бесплатни студии на јавни универзитети.

Професорката по социологија на Универзитетот Тексас, Керол Ленам, рекла дека присуството на Џенет Фајн ги правело предавањата многу поинтересни. “Ми беше поинтересно и на мене, но и на останатите студенти, бидејќи таа ги живеела и ги паметеше времињата за кои зборувавме на часовите и секогаш имаше коментари”, рекла Ленам.

Џенет Фејн пораснала во Бронкс во Њујорк. Раскажала дека одвај чекала да заврши средно училиште и да се вработи. Почнала да работи кога имала 16 години, а на 18 години се омажила и родила деца. Во наредните години работела различни работи, а во последните 20 години работела како секретарка во ортопедската болница во Далас.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!