Никаде без неа: Путин и во Белград ја понесе таинствената црна актовка!

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера беше во еднодневна посета на Србија каде што беше пречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ.

Ни оваа посета не мина без познатата актовка која што во Белград пристигна заедно со првиот човек на Руската Федерација, а истата ја носеше руски специјалец.

Станува збор за „атомска актовка“ во која што се наоѓа уред со чија што помош рускиот претседател може да нареди лансирање на нуклеарни ракети. Путин не се одвојува од оваа актовка ниту кога оди на кратки посети.

Актовката е наречена „Чегет“ и е дел од автоматскиот систем за команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили наречени „Казбек“.

Покрај Владимир Путин, иста ваква актовка секогаш патува и со министерот за одбрана на Русија, како и со началникот на Генералштабот на руската армија. Инаку, Генералштабот е последната страна која што го добива сигналот и наредува напад врз основа на авторизација на кодови за лансирање на рускиот нуклеарен арсенал.

„Чегет“ актовката е развиена за време на администрацијата на Јуриј Андропов на почетокот на 80-тите години од минатиот век. Актовката била „ставена во служба“ откако Михаил Горбачов ја превзеде должноста генерален секретар на Централниот комитет при Комунистичката партија на Советскиот сојуз во март 1985-та година.

Leave a comment

error: Content is protected !!