Ни се заканува ли Трета Светска војна: Трамп од денес удрил на Иран со санкции, а еве како ги казнува

Американските власти од денес применуваат нови строги економски санкции против Иран по повлекувањето од нуклеарниот договор на таа земја со шесте големи сили.

Првата фаза на санкции стапила на сила утрово во 4 часот по средноевропско време и се однесува првенствено на финансиски трансакции.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпишал указ за воведување на санкции, три месеци откако Вашингтон се повлекол од нуклеарниот договор кој бил постигнат во Виена во 2015. година меѓу Иран и шест големи сили – САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Првата фаза санкции подразбира блокада на финансиски трансакции, увоз на сировини, како и казнени мерки во секторите за купување на автомобили и авиони.

 

https://platform.twitter.com/widgets.js

Овој пакет вклучува и трговија со злато и продажба на државни обврзници.

Вториот брак санкции, кој ќе стапи на сила во ноември, ќе ги погоди нафтениот и гасниот сектор во Иран, како и иранската централна банка.

Иранскиот претседател Хасан Рохани веднаш вчера реагирал, обвинувајќи ги САД дека водат психолошка војна против неговата земја.

Трамп во соопштението навел дека меѓународниот договор за сопирање на иранскиот нуклеарен програм во замена за укинување на санкциите “е страшен едностран договор”, со кој иранската влада заработила пари кои ги користи за предизвикување на конфликти на Блискиот исток.

“Ги повикуваме сите држави да преземат чекори кои покажуваат дека иранскиот режим се соочува со избор: или да го промени своето заканувачко, дестабилизирачко однесување и да се реинтегрира во глобалната економија, или да продолжи по патот на економска изолација”, рекол Трамп.

Тој предупредил и дека оние кои нема да ги прекинат економските врски со Иран ризикуваат тешки последици.

Leave a comment

error: Content is protected !!