Невидена бруталност на холандската полиција: Ја нокаутирал со бокс, ја давел со пендрек, па ја патосирал

На една видео снимка се гледа како холандски полицаец брутално тепа девојка пред дискотека во Ротердам.

Полицијата вели дека била повикана да интервенира во ноќниот клуб бидејќи еден пар во пијана состојба ги напаѓал членовите на обезбедувањето.

Видео снимката покажува група полицајци како ставаат лисици на еден маж и го водат кон колата. Девојката на уапсениот доаѓа до еден од полицајците и почнува да се расправа со него. Тој и неговата колешка ја туркаат жената, која се сопнува и паѓа на грб.

 

Додека еден случаен минувач и помага да стане, и приоѓа полицаец кој и удира шлаканица. Потоа следат два брутални удари во глава. Таа повторно паѓа, а момче со црвен шешир се обидува да го турне полицаецот, кои исто така се обидува да го удри. Обезбедувањето ги предупредува насобраните луѓе да си заминат.

Откако ја крева жената од земја, полицаецот ја влече жената до полициското возило. Жената и нејзиното момче биле уапсени откако ги нападнале членовите на обезбедувањето на клубот, кои поднеле кривична пријава против нив.

Полицијата во Ротердам вели дека отворила и внатрешна истрага за однесувањето на својо службеник.

Leave a comment

error: Content is protected !!