Невиден спектакл по отворањето: Ноќните волци прелетувале преку Кримскиот мост, се вееле и руски знамиња

Настанот прераснал во вистински спектакл: возила и мотори украсени со руски знамиња, луѓето правеле селфи фотографии и снимале со камери, се слушале сирени…

Кримскиот мост и официјално е отворен за сообраќај. Меѓу првите кои го преминале континенталниот дел на Русија на полуостровот биле официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, и лидерот на “Ноќните волци”, Александар Залдостанов.

Од Таман рано наутро тргнала колона автомобили и мотори. Први минале локалните жители, градителите на мостот, ветераните и официјалната претставничка на руското МНР, Марија Захарова.

“Во 6:00, на 16. мај 2018. година преминав од Таман во Керч преку Кримскиот мост. Незаборавно”, напишала Захарова на Фејсбук.

На приодот на мостот во Керч, пред отворањето, се собрале неколку стотици автомобили. Колоната бајкери ја предводел лидерот на “Ноќните волци”, Александар Залдостанов.

Кримскиот мост, кој го поврзува полуостровот Крим со континенталниот дел на Русија, бил отворен за сообраќај во 5:30 часот по локално време.

Leave a comment

error: Content is protected !!