Неверојатно невреме во Германија: Водата проголтала трговски центар за еден момент

Западот на Германија е погоден од страшно невреме, а најлошо било во градот Вупертал во Северна Рајна-Вестфалија.

Обилните врнежи од дожд ги потопиле улиците и ги претвориле во реки кои носеле се пред себе.

Една од снимките која привлекла големо внимание прикажува еден трговски центар кој е целосно потопен. Луѓето во паника бегале на повисоките катови, додека некои се бореле со водата на пониските.

“Ова е како во филмовите за крајот на светот”, гласел само еден од коментарите.

Силно невреме го погодило и Дизелдорф, каде паѓал град. Поплавени биле бројни куќи, сообраќајот бил парализиран, откажани биле некои летови.

Метеоролозите издале и предупредување за торнадо.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!