Горан Микиќ е еден од најголемите наши уметници во буквална смисла.
Македонскиот тату артист, досега има изработено илјадници ремек дела- тетоважи кои ги красат телата на луѓе од целиот свет. Неговата работа е проткаена со перфекција, а секоја тетоважа изгледа толку нереално, што понекогаш луѓето си помислуват дека она што го гледаат е невозможно да биде вистинска тетоважа.
Но, неговите мали ремек дела се доказ дека Горан може да ви нацрта се што ќе посакате, па дури и во 3Д.
Речиси целата македонска естрада, спортисти и актери барем еднаш се нашле под иглата на Горан, а потоа гордо се фалат со своите нови тетоважи. Цртежите на Горан се вистинска уметност, која ретко кој талентиран тату артист може да ја изработи.
Погледнете неколку од неговите ремек дела: