Неверојатни фотографии од лавата која се спушта кон Тихи океан на Хаваите

Жителите на Хаваи кои се соочуваат со ерупција на вулканот Килауеа, се предупредени да внимаваат на нова опасност, откако лавата стигна до океанот.

На тој начин, во контакт со солената вода може да создаде отровни гасови и испарувања. Локалната власт ги предупреди возачите, сопствениците на бродчиња и чамци и останатите жители дека лавата помина дел од автопатот на Големиот остров, но им укажа и на опасноста од испарувањето на сулфур диоксидот.

Лавата додатно испарува отровни гасови во контакт со морската вода, откако стигна до Тихиот Океан. Вулканот на Хаваите е активен од 11 мај, а се смета за еден од најактивните во светот. Ерупцијата во 1924 година убила еден човек, а вулканот 17 дена исфрлал камења, пепел и прашина.

Оваа година веќе се евакуирани над 3000 жители од критичните места, а вулканот има непрекинати ерупции од 1983 година. Еден од петте вулкани кои се наоѓаат на хавајскиот Голем остров.

Додека трае неговата активност, фотографите направија неверојатни фотографии од овој природен феномен. Реки од лава се спуштаат низ населбите на Хаваите:

Leave a comment

error: Content is protected !!