Неверојатен гест: Кинескио актер ќе ги подари своите 630 милиони евра

Кинескиот филмски актер Чау Јун-Фат, ѕвездата на филмот “Crouching Tiger, Hidden Dragon” ветил дека ќе го донира целото свое богатство во добротворни цели.

Овој актер од Хонг Конг кој се прослави со улогите во акциони и кунг-фу филмови е познат по скромниот начин на живот иако досега заработил околу 630 милиони долари.

Мир и убав поглед

Во едно интервју, Чау Јун-Фат изјавил дека неговата сопруга го поддржува.

“Не можам да ги понесам парите со себе во гроб. Зошто тогаш да не ги подарам на група на која што ѝ се потребни. Парите не се нешто што носи среќа. Не е најтешко да се заработат пари, туку да се одржи мирот и убавиот поглед кон животот”, изјавил актерот.

Чау Јун-Фат се појави на списокот на најбогати личности на Форбс во 2015 година. Сепак, луѓето често го гледаат како сам шета по улица, воглавно користи градски превоз, а вели дека за живот му се доволни само 800 евра месечно.

“Едвај некој ме забележува кога се возам во метро. Деведесет отсто од луѓето во возовите и чекалните гледаат во своите мобилни телефони. А кога би плаќал личен возач, би ми било жал што ќе мора да ме чека по цел ден, би бил исфрустриран кога би знаел дека ме чека”, додал тој.

Неговата сопруга изјавила дека актерот, и покрај богатството, често јаде улична храна како што е обичај во Кина, и не сакал да се одвои од својот обичен модел на мобилен телефон кој го користел 18 години, се’ додека не му се расипал.

Leave a comment

error: Content is protected !!