Неуништливиот Чак Норис: Еве колку треба да платите за да се сликате со филмскиот херој!

Фестивалот Супернова Коми Кон овој викенд донесе бројни холивудски ѕвезди во Сиднеј, Австралија. Секој кој сакал да се слика со нив морал „дебело“ да плати за тоа.

Меѓу големите имиња кои присуствувале на отварањето на настанот биле Чак Норис, Кетлин Тарнер и Ричард Драјфус. Од нив тројца, за фотографија со актерот Чак Норис кој има 78 години, посетителите требало да издвојат најмногу пари. Фотографиеање со него чинело дури 150 долари.

Ако, заедно со фотографијата со познатиот актер од акционите филмови од осумдесетите години сакале автограм, тоа ги чинело додатни 120 долари. Со тоа цената достигнува неверојатни 270 долари само за фотографија и автограм.

Норис, кој се прослави со улогата на ренџерот од Тексар, Вокер доживеа  неколку „оживувања“ низ познатите мемиња кои кружат на Интернет.

Инаку, фотографирањето со Ричард Драјфус ги чинело 80 долари, а со познатата актерка Кејтлин Тарнер чинело најмалку- само 60 долари.

На фестивалот специјална гостинка беше и една од моментално најпопуларните актерки, од серијата The 100- Елиза Тејлор која ја толкува улогата на Кларк.

Leave a comment

error: Content is protected !!