Необичен оглас: Плата од 100.000 евра и плус патувања!

Дали сакате да патувате низ светот и да фотографирате? А доколку ви кажеме дека покрај тоа ќе заработите и 100 илјади евра?

Еден необичен оглас за работа го привлече вниманието на речиси секој фотограф од светот. Имено, на порталот “Perfocal”, една многу богата фамилија објавила конкурс за личен фотограф кој ќе биде во можност да патува низ светот најмалку 12 месеци и да го фотографира нивниот одмор.

Семејството би било на пат и до три месеци во континуитет, а тие веднаш предупредиле дека потенцијалниот фотограф би морал да биде на “стенд-бај” бидејќи за патувањето би бил известен неколку дена пред поаѓањето од Велика Британија. Тој ќе работи десет часа дневно, но затоа работодавецот ќе му плаќа здравствено осигурување и 30 дена годишен одмор.

Со плата од речиси 100 илјади евра, трошоците за патување, храна и сместување исто така ќе бидат платени.

Фотографот ќе има прилика да го види Њу Орлеанс, да присуствува на карневалот во Рио, да летува на Малдивите, да скија во Вал д’Изер, да ги посети нивните викендички низ Европа, како и да ја обиколи Северна и Јужна Америка.

Инаку, семејството веќе имало свој фотограф кој неодамна дал отказ, а за да влезете во потесниот круг потребни ви се пет години фотографско искуство. Сепак, кој ќе пројде во потесниот круг ќе има сериозно интервју за работа бидејќи семејството сака да ја почувствува “хемијата” со фотографот пред да го најми.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!