Немојте да бидете толку љубезни- Докажано е дека оваа особина носи најмногу несреќа

Помагањето на другите, а и тоа што секогаш сте тука за некој, не ве прави навистина среќна личност. Среќата реално не доаѓа од љубезноста и не е секогаш пат кон спокојот.

И љубезните имаат желби

Љубезната личност не ги убива своите желби. Како и сите останати, љубезните луѓе имаат повеќеслоен темперамент. Постојат сигурни работи кои може да ја задоволат вашата душа. Она што ви нуди радост, зависи од желбите кои се скриени внатре во вас. Секако насмевката и благословите ќе ви донесат моментална радост во вашето срце, но не сте среќни, туку имате и чувство дека нешто ви недостига.

Давање премногу

Љубезните луѓе веруваат во давањето и не сопираат за ништо. Тие продолжуваат да ги издвојуваат своите капацитети. Понекогаш нивната великодушност ги доведува до невољи, забораваат дека имаат и одредени сопствени потреби и секојпат кога помагаат подолго време, се наоѓаат во хаос.

Очекување на праведен третман

Очекуваат да бидат третирани со ист степен на љубезност, а тоа на крај ги носи до тага и разочарување. Светот е немилосрден и не така љубезен како што луѓето мислат. Ова често ги вознемирува и ги прави безнадежни.

Правење жртва

Грижата за луѓето често доведува до недостаток на сон, а љубезните луѓе не се грижат доволно за сопствениот живот и здраје, дури се во состојба и да остават многу важна работа само за да им помогнат на другите или да ги направат среќни.

Недостаток на самозадоволство

Љубезните луѓе никогаш не се задоволни со она што го прават. Депресивни се кога нивните ресурси не се доволни да им помогнат на другите. Работат се повеќе за да можат да помогнат што повеќе и во било кој момент. Тие секогаш сакаат да даваат што повеќе и повеќе.

Премногу размислуваат

Тагата е резултат на нивниот мозок. Проблемот со љубезните луѓе е што кога не им помагаат на другите или немаат никаква работа, тогаш почнуваат многу да размислуваат. Ја истражуваат социјално-политичката ситуација во светот и размислуваат за сите потреси, а поради тоа често ги фаќа депресија. Тие се и доста интроспективни и размислувањата ги завршуваат со заклучок дека не се доволно добри. Се чувствуваат како да се на емотивен тобоган.

Премногу работат

Тие се перфекционисти. Премногу добрите луѓе го фокусираат целото свое време и напори во една задача. Не сфаќаат дека тоа не вреди толку.

Се грижат да не навредиле некого

Секогаш се сомневаат во своите постапки. Затоа редовно си ги повторуваат разговорите во глава, загрижени да не случајно навредиле некој.

Љубезните луѓе се интелигентни

Нивната интелегенција не им дозволува да бидат среќни. Нивните умови секогаш се зафатени во анализа на ситуации и нивните тешки последици. Тие ги ингорираат позитивните резултати. Таквиот вид на интелегенција секогаш го прати депресијата. Љубезните луѓе се неверојатно интелигентни и со тие две сили кои ги поседуваат секогаш доаѓа до непосакуваниот подарок- тагата.

Сепак љубезноста има своја награда

Да се биде фин спрема другите, има емоционална награда. Ако сте симпатична личност и чувствувате дека сте успеале, запаметете- Секоја акција има реакција, брановите се мешаат ширум светот. Можеби сте тој некој кој формира големи бранови, прави големи промени и го подобрува животот како што го знаеме.

Leave a comment

error: Content is protected !!