Немилосрдно торнадо брише се пред себе: Повредени луѓе, урнати куќи

Во Канзас е прогласена вонредна состојба поради торнадото кое го погодило градот Јурека, во округот Гринвуд, во кое биле повредени осум лица.

Јурека, која се наоѓа на околу 100 километри источно од Вичита, “е директно погодена од торнадото”, соопштиле властите во округот.

Во торнадото било оштетено средно училиште, неколку куќи и канцеларии, а околу 2.400 луѓе биле погодени од невремето.

За загрозеното население обезбедено биле престојувалиште во црквите во градот.

 

Leave a comment

error: Content is protected !!