Нема веќе боцкање- Пристигнуваат вакцини во вид на спреј!

Вакцините се една од најдобрите работи некогаш измислени. Имаат спасено милиони животи, имаат сочувано исто толку деца од страшни здравствени проблеми и ги унапредија нашите животи на сите можни начини.

Сепак, никој не го сака фактот дека вакцините подразбираат и по малку непријатно боцкање.

Епа веќе ќе го нема тоа!

Конечно пристигнуваат вакцини во спреј.

Вакцината против грип „FluMist” наскоро ќе може да се користи, откако доби одобрување за користење во Америка.

Оваа вакцина не е нова, но порано беше повлечена од продажба, затоа што беше откриено дека не пружала доволно добра заштита како вакцините во инекции. Епа изгледа проблемите сега се решени и ова вакцина без боцкање ќе пружи подеднакво добра заштита од грип.

Вакцините против грип се достапни секоја есен, односно пред зимата кога се зголемува ризикот од зараза. Тогаш научниците ќе знаат и кои типови на вируси ќе бидат активни, па на основа на таа информација ги создаваат вакцините. Инаку, вакцинираните личности имаат 40 проценти помал ризик да го посетат докторот со симптоми на грип. Овие вакцини посебно се препорачуваат за деца и повозрасни луѓе, но и на сите кои не сакаат да поминат 10 дена во кревет со висока температура и ризик од компликации.

Leave a comment

error: Content is protected !!