Нејзините ќерки до смрт го избоделе својот татко мафијаш: Мајката на трите Русинки изнела нови шокантни докази за злоставувањето

Мајката на трите сестри од Русија кои до смрт го избоделе својот татко, Ауерелија Дундук, тврди дека нејзиниот поранешен сопруг ги злоставувал нејзините ќерки и се заканувал дека ќе ги убие ако се обидат да остварат контакт со неа.

 

“Многу пати кажа дека ќе убие секој што е во контакт со мене”, вели таа.

Аурелија на локалните медиуми им доставила фотографии на кои се гледаат модринки и крваво лице на една од сестрите откако таткото ги претепал. Како што рекла, во времето кога тоа се случувало, таа не знаела низ што минуваат нејзините ќерки, бидејќи не сакале да и кажат, а се верува дека фотографиите ги приложиле самите во текот на судското сослушувањето.

“Јас допрва дознав што се случувало дома. Дури сега дознав за тепање и насилства”, рекла мајката на тинејџерките.

Аурелија тврди дека станот во кој девојките живееле бил полн со оружје, што полицијата потврдила. По убиството, на местото на злосторството била пронајдена поголема количина на пиштоли и муниција. Во ѕидовите на станот биле пронајдени дупки од куршуми. Наводно насилниот татко знаел да пука во насока на своите ќерки.

Во медиумите се појавила и снимка од надзорните камери од зградата во која живееле семејството, а за која се наведува дека настанала непосредно по убиството. Не неа се гледа една од сестрите.

Сестрите тврдат дека татко им со години ги сексуално ги злоставувал и ги третирал како робови.

Leave a comment

error: Content is protected !!