Нејзината фотографија го обиколи светот: Славната либанска просјачка починала од срцев удар, а потоа…

Полицијата останала во шок по откритието дека 52-годишната Фатима Отман, жена со инвалидитет која починала од срцев удар, собрала мало богатство просејќи по улиците на Бејрут.

Имено, Фатима била пронајдена во напуштен автомобил со кеси пари во кои имало 3.300 долари. Сепак, изненадувачки е фактот дека оваа просјачка, која не можела да ги користи рацете ни нозете по повредата со која наводно се здобила во граѓанската војна, на сметка во банка имала 1,1 милиони долари заштеда.

Портпаролот на полицијата, Џозеф Мусалем, рекол дека госпоѓа Отман умрела од срцев удар, како и дека нејзината смрт не може да се смета за сомнителна. Тој додал дека е големо изненадување дека со просење успеала да стекне толкаво богатство.

Според зборовите на локалното население, Фатима Отман станала инвалид по повредата со која се здобила во текот на Либанската граѓанска војна.

Станала позната кога фотографијата, на која либански војник и дава вода од шише, станала вирална. Војникот, после тоа, бил пофален од неговиот командант за искажување на сочувство и човечност.

Полицијата го посетила семејството на Фатима, кое живее во градот Аин Ал Захаб во северен Либан, каде Фатима ќе биде погребана. Тие исто така останале во шок по откритието за богатството на Фатиме.

Leave a comment

error: Content is protected !!