Неиздржливи горештини! Австралија гори: Погледнете колку степени покажува термометарот

Австралија денес е на удар на неиздржливи горештини, поради кои многумина останале без струја, додека расте опасноста од пожари, а температурите на југоистокот достигнуваат рекордни вредности кои надминуваат 46 степени Целзиусови.

Поради топлотниот бран, љубителите на тенис на турнирот “Australian Open” во Мелбурн се приморани да се сокријат од сонцето и да се освежат, додека во текот на полуфиналниот натпревар за жени бил затворен кровот над главниот терен.

На аеродромот во Мелбурн била измерена температура од 46 степени, па во вториот најголем австралиски град ова е најтопол ден во последните 5 години.

Како последица на жегата, без електрична енергија останале 30.000 домаќинства и компании.

Истовремено, Аделаида денес забележала најтопол ден меѓу поголемите австралиски градови, бидејќи температурата таму достигнала 46,6 степени Целзиусови.

Во вакви врели временски услови ширум сушната југоисточна Австралија беснеа низа шумски пожари, додека властите предупредуваат дека опасноста од избивање на пожари расте.

Малиот град Свон Хил денес забележал највисока температура во историјата – дури 47,5 степени.

Метеоролошката служба прогнозира дека овој месец би можел да стане најтоплиот јануари во историјата на Австралија, со горештини кои не се издржуваат.

Минатата година, инаку, била трета најтопла досега забележана во Австралија.

Leave a comment

error: Content is protected !!