Небесна бомба над Русија! Експлозија на астероид, НАСА вели дека сите сме во опасност

Автомобилската камера снимила неверојатен момент кога астероид во облик на голема огнена кугла експлодирал на Русија.

Карпата од вселената летала со брзина од околу 52.000 km/h, кога наеднаш над Земјата дошло до силен блесок, кој го осветлил утринското небо.

Објектот широк четири метри минал незабележано низ системот за предупредување на НАСА, па прво го забележале сензорите за ловење на нуклеарни експлозии, откако удрил во Земјината атмосфера со сила од три килотони.

 

НАСА минатата седмица предупредила на ранливоста на нејзината опрема за набљудување, која ја спречува вселенската агенција во откривање на потенцијално опасни објекти кои се доближуваат од Земјината “дневна страна”. Линдли Џонсон, задолжен за планетарна одбрана на НАСА, рекол дека малите астероиди кои доаѓаат од таа насока често се сокриени од силната сончева светлина, поради што е тешко да се забележат. НАСА изјавила дека детектирала 95 проценти од сите објекти во близина на Земјата кои претставуваат сериозна закана.

Преостанатите пет проценти од објектите, а тоа се оние со дијаметар од километар или повеќе, не може да се најдат и теоретски во секој момент би можеле да удрат во Земјата.

Блесокот кој настанал со експлозијата на астероидот на 21. јуни во 4:16 часот по локално време, и покрај дневната светлина, можел да се види во повеќе градови.

Leave a comment

error: Content is protected !!