Не знаела што ја снашло: Меган Маркл се изгубила кога требало да влезе во автомобил со кралицата

Меган Маркл се обидува да “ги сфати” сите правила на однесување откако е членка на кралското семејство, а тоа се покажало како вистински предизвик.

 

Прво минатата сабота покажала дека не е баш најсигурна кога треба да и се поклони на кралицата, а денес повторно направила грешка.

Војвотката од Сасекс дошла до автомобилот со кралицата Елизабета, а при влегувањето дошло до конфузија. Меган прво ја пуштила кралицата да влезе прва во автомобилот, а потоа и предложила да се сменат.

Пред неколку дена, Меган била снимена како на принцот Хари му вели дека е нервозна поради заедничкото појавување со останатите членови на кралското семејство на балконот на палатата. Камерите ја снимиле и како го прашува Хари дали треба да се поклони кога пред нив ќе дојде кралицата, а тој само кратко и одговорил дека треба.

Протоколот наложува дека сите членови на кралското семејство мора и се поклонат на кралицата ако тој ден ја гледаат прв пат.

Leave a comment

error: Content is protected !!