Не знаел на кого налетува: Светот ја слави мајката која го застрела вооружениот напаѓач во Бразил

Жената чие дете во саботата во Сао Паоло се обидел да го киднапира вооружен напаѓач, е полицајка која во тој момент не била на должност, но во себе имала пиштол и го ранила криминалецот.

На 21-годишниот Еливетон Нивес Мореира му се спротивставила 42-годишната полицајка Силва Састре.

Кога Еливетон го вперил оружјето кон децата и мајките, таа од ташната извадила пиштол и испукала три куршуми. Повредениот напаѓач паднал на улицата, испукал два куршума, и конечно ги кренал рацете во знак на предавање.

Силва потоа повторно го вперила пиштолот во момчето, го завртела на стомак и повикала засилување.

“Напаѓачот пукнал еднаш, но промашил. Кога втор пат се обидел да пука, пиштолот заглавил. Фала му на Бога што била брза, бидејќи кога напаѓач ќе сфати дека пред него има полицаец, тој пука да убие”, изјавил Андре Алвес, сопруг на Силва.

Еливетон починал неколку часа подоцна во болница, а Силва, инаку мајка на две деца, ја слави цел Бразил. Прибрана полицајка, зад која има 20 години стаж, спасила група мајки со деца, кои немало да имаат шанса против вооружен напаѓач.

Гувернерот Марсио Франса и честитал на храбрата полицајка, ја пофалил нејзината храброст и и подарил цвеќе, иако изразил жалење за смртта на напаѓачот.

“Не е идеално кога осомничениот ќе умре. Би сакале тоа да не се случеше. Но, ова е предупредување за сите кои носат оружје дека нашите полицајци се добро обучени професионалци”, рекол гордо гувернерот.

Leave a comment

error: Content is protected !!