Не и треба богатството на Хари: Меган има заштедено неколку милиончиња

Несомнено, најголемото богатство Меган Маркл ќе го добие преку венчавката со принцот Хари. Двајцата не потпишаа предбрачен договор, па Меган ќебиде сопственичка на вредното наследство од 40 милиони долари на принцот Хари. Но и пред свадбата, славната Американка добро заработувала.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

36- годишната актерка за една работа не треба да се грижи, а тоа се финансиите. На сопствената банкарска сметка има неколку милиони, кои со текот на години после влегувањето во кралското семејство сигурно ќе растат.

Еве колку е всушност „тешка“ Меган Маркл:

Нејзината најголема актерска улога е главната улога во серијата „Suits”. По сезона заработувала 450 000 долари, а снимила вкупно седум сезони. Потоа се збогувала со глумата и го затворила тоа поглавје од животот. Во филмот „Remember me” одигра споредна улога на келнерка и заработи 187 000 долари. Се појави и во филмот „The Candidate” за што доби околу 171 000 долари, а еден од поголемите хонорари и бил за улогата во филмот „The Boys and Girls Guide to Getting Down“. Тогаш заработила 150 000 долари. Покрај овие поголеми улоги, имала и неколку помали кои и донеле солидни хонорари.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Заработка од спонзорства и награди

Во светот на Холивуд многу награди се парични, а Меган на тој начин заработила 80 000 долари годишно. Освен тоа, Маркл имала разни спонзорства и рекламни кампањи кои за време на својата кариера ги имала многу. Бројни козметички и модни брендови соработувале со неа, а убавата Американка знаела како да го искористи тоа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Идни приходи од кралското семејство

Поради правилата на кралското семејство, актерката ја прекина својата кариера и се збогува со актерскиот свет, но сега ја чека нов начин на заработка. Меган, заедно со сопругот ќе стане координатор и претседател на неколку хуманитарни организации. Тоа ќе биде нејзина главна задача. Богатството од 40 милиони долари, службено ќе постане и нејзино после три години, откако ќе се финализира процесот за добивање на британско државјанство. Кога еднаш ќе го добие, ќе мора да се одрече од американското.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Вкупна нето вредност

Богатството на Меган Маркл моментално изнесува 7 милиони долари, во што се вклучени нејзините актерски улоги, спонзорства, како и инвестиции кои самостално ги остварила.

Leave a comment

error: Content is protected !!